Дома Трансфер зона Тик так и тонат ли сите бродови на Барселона?!

Тик так и тонат ли сите бродови на Барселона?!

Уште четири часа до крајот на предониот рок, а од Кутињо се уште нема ништо. Надежта на Барселона полека умира, како што се наведува Ливерпул одбил уште една понуда од 170 милиони евра, а нема да го донесат ниту Лемар од Монако.

Па оттаму што и останува на Барселона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тие не се воодушевени со тоа да пристигне Марез, Челзи испрати понуда за Алжирецот, тој би сакал во Каталонија, но таму имаат поинакви планови.

Всушност остана уште една опција која се чини е најмалку веројатна.

На сите начини, Жорж Мендеш се обидува да го убеди ПСЖ да и го продаде на Барса Ди Марија, не се во прашање парите, туку политиката на Парижаните.

Но, ако вечерва го донесат Сери од Ница, којзнае можеби и ќе попуштат во финишот и ќе ги вратат оние 60 милиони евра колку што вложија кога стигна по не баш импресивната година во ПСЖ.

Повторно повикувајќи се на Балаг, од утринава тврди дека од Кутињо нема ништо, односно дека Ливерпул е имун и дека Барса, или ќе го донесе Ди Марија или единствено ќе го заврши преодниот рок без засилувања.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Звучи неверојатно, но ова на Перез никогаш не му успеало во Реал Мадрид

Славниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез со овој клуб oствари бројни успеси н…