Во изминатата вечер во НБА се играа 13 натпревари од кои има неколку моменти за издвојување.
Бостон продолжи да победува совладувајќи го Мајами со 134:121. Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Тејтум кој постигна 49 поени. За Бостон ова беше 14. победа во 15 натпревари. Тејтум одигра страшен натпревар со дабл-дабл од 49 поени и 11 скокови. Тој стана првиот играч во историјата на НБА кој на повеќе натпревари имал учинок од 45+ поени, 10+ скоквои и 8+ тројки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, Тејтум не беше најефикасниот на вечерта. Девин Букер постигна 51 поен во триумфот на Феникс над Чикаго од 132:113.
До овие 51 поен Букер стигна за помалку од 31 минута, иако на паркетот беше вкупно 30 минути и 40 секунди. Исто така тој стана само вториот играч на Феникс кој на еден меч постигна 50+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Филаделфија 113:85
Орландо – Атланта 108:125
Бостон – Мајами 134:121
Бруклин – Вашингтон 113:107
Њујорк – Милвоки 103:109
Минесота – Мемфис 109:101
Њу Орлеанс – Торонто 126:108
Оклахома – Сан Антонио 119:111
Денвер – Хјустон 120:100
Феникс – Чикаго 132:113
Јута – ЛА Клиперс 125:112
Сакраменто – Индијана 137:114
ЛА Лејкерс – Портланд 128:109