Во студиото на ирската државна телевизија се изнесени тешки обвинувања на сметка на ФИФА и ВАР и тоа од страна на една легенда на ирскиот и германскиот фудбал.
Вчерашниот расплет на ситуацијата во групата Б на Мундијалот во Русија, а посебно на натпреварот поемеѓу Португалија и Иран предизвика голем број коментари во фудбалскиот свет. Дали Кристиано Роналдо требаше да добие црвен картон? Дали Иран е оштетен?
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На ирската државна телевизија РТЕ гостуваше стандардна екипа на стручни коментатори која во тоа студио ги следи натпреварите од Мундијалот. Во студиото овој пат беа Дитмар Хаман, поранешниот фудбалер на Баерн кој освои две титули во Бундес лигата, додека во Ливерпул помина седум години и ја освои Лигатн шампионите и Лиам Брејди како ирски интернационале, Кит Ендрјуз кој играше за бројни клубови во Премиер лигата.
Хаман ја започна анализата на натпреварот помеѓу Португалија и Иран со едно потсетување дека веќе претходно кажал дека ВАР ќе ја уништи убавината на фудбалот и ќе ги „убие“ емоциите.
„Она што е лошо во врска со ВАР ни покажа натпреварот на Иран. Го сакам тој тим, ми дадоа повеќе радост од било која екипа на последните два турнири, поради начинот на кои играат, посветеноста, страст, однсувањето…Иран требаше да добие пенал и порано, добија во финишот и имаа шанса за 2:1 резултат кој ќе им донесеше победа во групата. Морам да кажам дека тимот беше извонреден, бидејќи е лимитиран во техничка смисла, но тој недостаток го надоместуваат со многу работа. Бев воодушевен од нив и би требало херојски да бидат пречекани во Техеран“, изјави Хаман, потоа се вклучи и Лиам Брејди кој испрати тешки обвинувања до ФИФА.
„И понатаму цврсто верувам дека на судиите им се кажува што да прават. Знам дека ќе кажете „нема шанси“, но јас тврдам дека за ситуацијата на Роналдо на судијата му беше кажано „дај му само жолт“. Потоа бидејќи не гледаше ВАР при првиот пенал и бидејќи Иран беше тешко оштетен до тој момент му кажаа „дај им пенал“, зборуваше Брејди.
Од овие тешки обвинувања водителот се обиде и да се огради, веројатно и поради стравување од тужба од страна на ФИФА.