Дома Фудбал Останато Тетовецот Џемаили открива: Џака и Шаќири покажуваа „орел“ поради провокација од српски министер

Тетовецот Џемаили открива: Џака и Шаќири покажуваа „орел“ поради провокација од српски министер

dzemaili

Швајцарскиот фудбалер кој е роден во Тетово, Блерим Џемаили за италијанските медиуми зборуваше за прославата на Џердан Шаќири и Гранит Џака на Мундијалот во Русија.

Швајцарија во тој натпревар запиша победа од 2:1, а стрелци на головите беа Гранит Џака и Џердан Шаќири кои со прославата на погодоци, односно покажувањето „орел“ кренаа голема прашина во спортската јавност.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Џемаили во изјава за „Газета дело Спорт“ истакна дека според него Џака и Шаќири ги прославиле така погодоците поради провокација од српски министер.

„Јас никогаш не сум покажал орел после постигнат гол. Можеби тоа нема да го направеа ниту Џака и Шаќири доколку не бевме испровоцирани од изјавата на еден српски министер на ден пред натпреварот во Калининград“, изјави Џемаили.

Ќе потсетиме Џемаили е роден во Тетово, во Богивиње, но уште во детството ја напуштил нашата земја и се преселил во Швајцарија

Најголем дел од својата кариера помина во Италија носејќи го дресот на Торино, Парма, Наполи, Џенова и Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…