Дома Фудбал Тер Штеген состави идеален тим од негови соиграчи, го изостави Меси

Тер Штеген состави идеален тим од негови соиграчи, го изостави Меси

Германскиот голман Марк Андре Тер Штеген зборуваше за тоа кои играчи во неговата кариера му оставиле најголем впечаток. Актуелниот голман на Барселона во кариерата го чуваше голот уште на Борусија Менхегладбах и репрезентацијата на Германија.

Од идеалниот тим кој го избра Тер Штеген најголемо внимание привлече што на листата го нема Лионел Меси. 29-годишниот чувар на мрежата се одлучи за формација 4-4-2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голман: Јанис Бласвих

Одбрана: Жорди Алба, Пике, Рудигер, Дани Алвес

Средина: Серхио Бускетс, Чави, Иниеста, Де Јонг

Напад: Марко Ројс, Марио Геце

Во оваа прилика медиумите потсетија и на изјавата на Тер Штеген кога Меси ја напушти Барселона.

„Иако ако некогаш имавме различно мислење, секогаш имавме иста цел, работевме заедно да ја оствариме“, напиша на друштвените мрежи Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со победата Борусија на Бундеслигата и донесе уште едно место во ЛШ

Борусија Дортмунд го победи ПСЖ со 1:0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампио…