Дома Фудбал Тер Штеген: Не гледам фудбал и не ги знам имињата на играчите

Тер Штеген: Не гледам фудбал и не ги знам имињата на играчите

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген призна дека скоро и да не гледа фудбал на телевизија.

Германскиот чувар на мрежата важи за еден од најдобрите голмани во светот, меѓутоа кога тој не игра Тер Штеген не е премногу заинтересиран да гледа фудбал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Луѓе ми се смеат кога ќе кажам дека не се разбирам многу во фудбал. Не гледам фудбал, гледам само ако тој натпревар има врска со мене или пак ако игра некој мој пријател. Се случува да ме прашаат за некој фудбалер, а јас не му го знам ниту името. На пример во Ла лига може да ми се случи да не ги знам имињата на играчите, но ако ми покажат видео од нив знам за кого се работи за тоа што сум им ги следел движењата на теренто. Ги паметам играчите по тоа како се движат на теренот, шутираат и размислуваат бидејќи секој противник го анализираме, но како се викаат не ги паметам“, призна Тер Штеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…