Во Италија се очекува продолжувањето на сезоната Серија А меѓутоа градоначалникот на Беневенто, Клименте Местела поттикна теорија на заговор.
Наводно, два клуба во Серија А кријат заболени од Ковид-19 за да ја прекинат сезоната кога таа ќе продолжи. Информацијата се појави во „Кориере дело Спорт“ во колумната на Иван Зазарони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не се многу луѓето кои сметаат дека оваа гласина е сигурна, но сомневања постојат и секогаш ќе има некој подготвен да го повика шепотот на ураганот“, пишува Зазарони.
Се огласи и градоначалникот на Беневенто.
„Има интереси кои треба да бидат заштитени. Разочаран сум од тоа како некои се справуваат со ситуацијата“, изјави Местела.
Ќе потсетиме, во Беневенто се загрижени за Серија А поради тоа што нивната промоција во друштвото би можела да биде поништена ако сезоната се прекине. На последниот состанок 16 од 20 клуба во Италија гласаа Скудетото да не биде доделено и да нема испаѓање и влегување во лигата во случај првенството да се прекине поради случај на коронавирус.