Дома Фудбал Останато Тен Хаг: Ова е моја најголема победа откако сум во Манчестер Јунајтед

Тен Хаг: Ова е моја најголема победа откако сум во Манчестер Јунајтед

Tренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг истакна дека победата против Барселона во плеј-офот за осминафиналето од Лигата на Европа е негова најголема победа откако е во овој клуб.

Јунајтед се пласираше во осминафиналето откако во реваншот на „Олд Трафорд“ со пресврт славеше победа од 2:1. Во првиот натпревар на „Ноу Камп“ резултатот беше 2:2. Барселона поведе со голот на Левандовски од пенал во 18-тата минута, додека за Јунајтед во второто полувреме погодуваа Фред и Антони.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Да, ова е најголема победа откако сум тука. Имавме неколку добри победи против Ливерпул и Арсенал, но мислам дека овој двомеч против Барселона која е лидер пред Реал во Ла Лига е најголемиот триумф“, изјави Тен Хаг.

Посебно задоволен Холанѓанецот е од карактерот кој го покажала екипата.

„Имаме одлични личности во екипата, како што се Рафаел Варан и Лисандро Мартинез. Антони и Гарначо никогаш не се плашат, тука се уште Бруно и Касемиро…Имаме одлични личности, па дури и кога губиме тие играат на највисоко ниво, веруваат дека можат да направат пресврт“, истакна Тен Хаг.

Ждребот за осминафиналето во Лигата на Европа ќе се одржи денес од 12:00 часот во Нион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…