Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Новиот договор на Рашфорд е приоритет за Јунајтед

Тен Хаг: Новиот договор на Рашфорд е приоритет за Јунајтед

Задржувањето на Маркус Рашфорд на „Олд Трафорд“ и продолжувањето на договорот е приоритет на Манчестер Јунајтед.

Договорот на Рашфорд истекува во 2024 година, па Јунајтед  сака до лето да биде решена неговата иднина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Двете страни веќе подолго време преговараат, но се уште нема конечен договор за продолжување на соработката.

„Новиот договор на Рашфорд е приоритет за клубот. Засилено работиме на тоа прашање. Треба по секоја цена да го задржиме Маркус. Уште првиот ден кога се сретнавме му кажав, дека сакам да го гледам насмеан. Сега тој се наоѓа на место каде е среќен и сите околу него се среќни“, изјави Тен Хаг за клупскиот ТВ канал.

Англискиот репрезентативец игра фантастична сезона и до овој момент има постигнато 22 гола и 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …