Одличниот Никола Јокиќ го предводеше својот Денвер до победат против Оклахома со резултат 109:98.
На Јокиќ му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл и натпреварот го заврши со 24 поени, 15 скокови и девет асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот во Денвер го обележи судирот во самиот финиш, а во главни улоги беа Јокиќ и Вестбрук. Плејмејкерот на Оклахома го турна Џамал Марај што на Јокиќ не му се допадна, па дојде до турканица. Сепак, останатите играчи спречија поголем инцидент.
Иначе и Расел во овој натпревар беше блиску до трипл-дабл со учинок од 13 поени, 14 скокови и осум асистенции, додека одлични настапи прикажаа Џорџ и Адамас. Пол Џорџ уфрли 32 поени, додека Стивен Адамс запиша дабл-дабл со 26 поени и 14 скокови.
*Circles next Thunder/Nuggets game on calendar*
(via @SportsCenter) pic.twitter.com/sLONFvsQoH
— Yahoo Sports (@YahooSports) December 15, 2018