Натпреварот против Славија во Барселона ги потсети на натпреварите против Рома и Ливерпул во претходните две сезони што беше повеќе од доволно за да се вклучи алармот на „Ноу Камп“.
Барселона освои три бода во Прага, но не се памети кога една победа на каталонскиот гигант оставила вака горк вкус. И покрај бодовите во редовите на Барселона беа незадоволни, а изгледот на лицата на играчите кога го напуштаа теренот доволно зборува за тоа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Популарната фудбалска емисија „Ел Чирингуито“ дојде до информација дека во Барселона атмосферата е прилично напната.
„Нема да ја освоиме Лигата на шампионите ако играме вака“, била една од фразите на лидерите во соблекувалната, оваа информација беше потврдена и од „Марка“.
И изјавата на Тер Штеген после натпреварот наведува на такво нешто.
„Мислам дека мораме да седнеме и да разговараме. Мораме да се погледнеме во очи. Би сакал директно да зборувам со играчите кои беа на теренот“, гласеше изјавата на голманот на Каталонците.
Еден ден после натпреварот разговор помеѓу играчите и Валверде немаше со оглед на тоа дека актерите на овој натпревар имаа тренинг опоравување во теретана. Сликата кога Меси го гледа Валверде после голот на Славија ја обиколи Шпанија овие денови. Се смета дека таа претставува вистинско огледало на се што се случува во Барселона во овој момент.
„Марка“ пишува дека играчите изгледале како деца кои не успеале да пронајдат одговор што им се случило во Прага и покрај победата. Сите се свесни дека со таква игра не можат далеку.
Во Барселона знаат дека имаат доволно време за реакција и екипата да се подигне во одлучувачките битки за трофите. Сепак, сега мора да се работи на подобрувањето на натпреварувачкиот дух, што било една од темите во соблекувалната после натпреварот.