Дома Фудбал Англија Тежок удар за Тотенхем: Дембеле аут до крајот на годината!

Тежок удар за Тотенхем: Дембеле аут до крајот на годината!

Играчот за врска на Тотенхем, Муса Дембеле ќе биде надвор од терените до Нова година поради повреда на лигаментите на глуждот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


31-годишниот белгиски репрезентативец предвреме го напушти теренот на мечот со Вулверхемптон викендов и го пропушти мечот со ПСВ во Лигата на шампиони.

Дембеле оваа сезона има 13 настапи за „спарси“, а добрата вест за Покетино е што Виктор Ваниама и Ерик Даер ги обновија тренинзите и наскоро ќе се вратат на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Венгер знае кој ќе го освои Мундијалот!

Арсен Венгер смета дека Франција има доволно квалитет за да го освои следното ФИФА Светско…