Дома Фудбал Лига на шампиони Тежок удар за ПСЖ: Нејмар нема да игра на „Олд Трафорд“

Тежок удар за ПСЖ: Нејмар нема да игра на „Олд Трафорд“

Најскапиот фудбалер на светот и прва ѕвезда на ПСЖ, Нејмар нема да биде во можност да му помогне на тимот во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампиони.

Нејмар го повреди десното стапало на дуелот со Стразбур во францускиот Лига куп, а загрижувачките прогнози се остварија и Бразилецот нема да биде дел од тимот следниве три недели.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа значи дека Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар против Манчестер Јунајтед кој се игра на 12 февруари на „Олд Трафорд“, додека реваншот во Париз на 6 март се верува дека ќе биде подготвен.

Во пресрет на ждрепката направена на почетокот од декември месец минатата година ПСЖ беше изразит фаворит, но „црвените ѓаволи“ драстично ја подобрија формата после тренерската смена, па сигурно не очекува неизвесен двомеч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…