Дефанзивецот на Ливеропул, Џо Гомез ќе биде надвор од терените најмалку во следните 6 недели, отако се здоби со фрактура на левото стапало, соопштија денес од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
21-годишниот англиски репрезентативец предвреме го напушти теренот на синоќешниот меч со Барнли. После мечот Клоп јавно ги изрази незадоволството од грубата игра на противникот.
Ова сигурно ќе биде голем удар за „црвените“ бидејќи Гомез е многу важен играч за тимот, а Клоп нема да може да смета на него во најважниот дел од сезоната.
Joe Gomez sustained a fracture to the lower left leg during last night's game against Burnley…
— Liverpool FC (@LFC) December 6, 2018