Лоши вести пристигнуваат за тимот на Вест Хем, заврши сезоната за дефанзивецот Анџело Огбона.
Огбона ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено. Лошите вести ги потврди тренерот Дејвид Мојс и тоа секако е огромен удар за „чеканите“ кои одлично ја стартуваа сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Огбона од почетокот на сезоната се наметна како лидер во одбраната, но сега мора да оди на долга пауза. Пред него е оперативен зафат, па рехабилитација од колу девет месеци. Мојс ситуацијата на Огбона ја спореди со онаа на Ван Дајк кој минатата сеозна заработи слична повреда.
„Видовме колку време му беше потребно на Ван Дајк да се врати. Тешко дека ќе го имаме Огбона на располагање оваа сезона“, изјави Мојс.