Дома Македонски спорт Тежок пораз на Македонија на стартот од Светското првенство

Тежок пораз на Македонија на стартот од Светското првенство

Репрезентацијата на Македонија со висок пораз го отвори Светското првенство во Египет.

Рамноправен противник на Шведска вечерва бевме само во почетните моменти, а потоа Шведска од моментите кога имаше 2-3 разлика почна да се одлепува и да создава голема предност. На полувреме Шведска замина со највисоки +5 (16:11)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Второто полувреме беше само рутина. Брестовац им даваше шанса на оние кои се очекува да немаат премногу минутажа и ги чуваше силите за наредните два натпревари во кои ќе играме против Египет и Чиле. На крајот конечниот резултат гласеше 32:20. Она што најмногу недостасуваше кај нас во овој дуел е играта во одбрана каде што бевме најслаби.

Следниот натпревар Македонија го игра против Египет во сабота од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …