Флојд Мејведер за само две минути заработи девет милиони долари откако во Јапонија во егзибиционата борба го разби младиот кик-боксер Теншин Насукава.
Легендата на светскиот бокс три пати го рушеше 20 годишниот Јапонец во рингот, за после третиот пат да биде фрлен пешкир кој означи крај на борбата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Многумина се убедени дека од „Ризин“ ја наместиле оваа борба, а такво мислење има и поранешниот борец Брендан Шауб.
„Флојд е најголемиот бизнисмен во светот на боречкиот спорт, но од оваа подобра глума сум видел само во филмовите за возрасни. Меѓутоа на Тешина му се потребни лекции, како да прими удар, како да падне…Дури ни кдарот додека плаче не беше добар. Се беше лажно, но на кого му е гајле си заработи девет милиони долари“, изјави Шауб.