Дома Фудбал Англија Тајсон Фјури добил специјална покана од Солскјер

Тајсон Фјури добил специјална покана од Солскјер

Британскиот боксер Тајсон Фјури во фантастична борба го победи Вилдер и стана крал во супертешка категорија.

Фјури овие денови е главна тема во Англија, а тоа го заслужи после спектакуларното враќање во врвот на боксот. Британскиот боксер пред неколку дена му одржа лекција на Вилдер и му ја зема титулата светски првак.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми денеска пишуваа дека Фјури наскоро би можел да дојде и во Манчестер Јунајтед по специјална покана од Оле Гунар Солскјер. Наводно, тренерот на Јунајтед му испратил покана на Фјури да го посети неговиот тим и да одржи мотивациски говор.

Солскјер сака дополнително да ги мотивира своите играчи пред завршниот дел од сезоната кој би можел да ја одлучи неговата судбина како тренер на овој тим. Фјури веќе беше на Олд Трафорд и не крие дека е навивач на овој клуб.

До крајот на ПЛ останаа уште 11 натпревари, а Јунајтед моментално е на петата позиција. Главната цел на овој тим е да избори пласлан во ЛШ, а дали Фјури ќе успее да ги мотивира останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…