Дома Фудбал Англија Тајниот фаворит за освојување на Премиер лигата

Тајниот фаворит за освојување на Премиер лигата

Трансфер периодот во фудбалска Европа е во тек, а веќе се објавени некои големи работи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така, Ромелу Лукаку во рекордниот трансфер стана нов член на Манчестер Јунајтед, а се засилуваа и другите тимови од врвот на Премиер лигата.

Пазарот повторно е најинтересен на Островот каде што има најголема концентрација на пари. Англичаните можат да го купат речиси секој што ќе им падне на памет, но и таму постојат клубови кои внимателно ја третираат секоја фунта.

Ги нема многу, но се уште се живи и работата да биде до крајот интересна, еден таков тим е најверојатно и најсериозен кандидат за кочениот успех и освојување на Премиер лигата.

Тоа, се разбира е Тотенхем. Можеби некои нема да го делат ваквото мислење, но „Петлите“ се навистина многу сериозен тим во борбата за самиот врв од една причина.

За сега ги одбија сите напади и го задржија тимот заедно. Единствено само заминувањето на Кајл Вокер е неизвесно, но и тоа нема да биде проблем бидејќи замената во ликот на Киеран Трипиер веќе e воиграна, дури и на репрезентативно ниво.

Хари Кејн остана како и Деле Али, обраната исто така, одбиени се понудите и за Дајер и Ериксен. Се изгледа одлично за познатиот лондонски клуб кој сигурно нема многу да купува. Можеби само неколку млади играчи за да ја засили конкуренцијата во тимот, и да стекнат искуство…

Ќе видиме, додека сите многу купуваат, од аголот демне непосреден и подготвен тим. Можеби конечно дојде времето титулата да се слави во соблекувалната на Тотенхем. По два опасни, но неуспешни обиди, можеби сега конечно се е спремно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова изјава на Марез ја разгоре сомнителната ситуација на Светското првенство

Најистакнатиот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на јавноста поради сво…