Taткото на Сергеј Милинковиќ Савиќ, Никола Милинковиќ имаше интерсно интервју за реномираниот „Тутоспорт“.
Лацио бара огромна сума за Савиќ и изгледа дека Јуве не може да ја одржи трката со Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Пари сен жермен. Така барем гласеа натписите во италијанските медиуми кога се пишуваше за иднината на Савиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа таткото на ѕвездата на Лацио во интервју за „Тутоспорт“ истакна дека Јувентус би бил вистиснки избор за неговиот син.
„Многу пати сум му кажал дека Јувентус би бил совршен за него, идеален клуб. Јувентус е престижен клуб кој е повеќекратен шампион и долги години доминира во Италија. Таму би имал прилика да расте, да ја достигне потребната зрелост. Со големи играчи покрај себе како Паоло Дибал, Даглас Коста и други може да го освои Скудетото, Купот, а зошто да не и Лигата на шампионите. Јуве секогаш стигнува далеку во тоа натпреварување. Сергеј во Јуве верувам дека дури би можел да сонува и за Златната топка“, изјави Милинковиќ сениор.
Навистина, ниту Сергеј не киреше дека е навивач на Реал со оглед дека растеше во Шпанија додека Никола се уште беше активен фудбалер.
„Тоа е точно, но во Шпанија може да оди и на 25 години, кога ќе достигне целосна зрелост. Тоа го направи Зидан. Торино е фантастичен град, многу помирен и полесен за живот“, додаде таткото на фудбалерот