Дома Фудбал Англија Таткото на Кин: Трансферот во Евертон не ми се допаѓаше од самиот почеток

Таткото на Кин: Трансферот во Евертон не ми се допаѓаше од самиот почеток

Таткото на италијанскиот фудбалер Моис Кин смета дека неговиот син направил голема грешка со трансферот во Евертон и се надева дека таа грешка наскоро ќе биде поправена.

Кин со епитетот еден од најталентираните фудбалери во Европа премина од Јувентус во Евертон за 27 милиони фунти.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Но, во новиот клуб се соочи со проблеми. Се уште не постигнал гол во дресот на „Карамелите“, а неколку пати покажа и недисциплина. За неговиот татко преминување во Англија било грешка.

„Неговото заминување во Англија беше голема грешка и понатаму е многу млад и не се чуствува добро во Евертон, не ми се допаѓаше тој трансфер од почетокот. Се надевам дека ќе се врати во Италија колку што е можно побрзо. Најдобро за него би било да оди во Рим“, изјави таткото на 19 годишниот фудбалер.

Ќе потсетиме, тој минатата сезона даде изјава во која тврдеше дека Јувентус како дел договорот кога го довел неговиот син на 14 години му купил два трактори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…