Дома Останати Танде нов лидер на Новогодишната турнеја!

Танде нов лидер на Новогодишната турнеја!

Норвежанецот Даниел Андре Танде победи на скокалницата во Инсбрук, третата станица на Новогодишната турнеја и го презеде водството во вкупниот пласман.

Поради лошите временски услови, во Инсбрук, се одржа само една серија. Натпреварот покрај победникот го обележа и легендарниот Јапонец, Нориаки Касаи, кој јубилеен 100-ти пат настапи на Новогодишната турнеја. Касаи годинава ќе наполни 45 години.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Норвежанецот Танде го немаше најдолгиот скок, забележа 128,5 метри, но освоените 125,7 поени му беа доволни да ја освои првата позиција. Танде во Инсбрук ја забележа втората победа на Новогодишната турнеја, откако победи и на вториот натпревар во Гармиш Партенкирхен.

Второто место го освои сонародникот на Танде, Роберт Јохансон, кој го имаше најдолгиот скок од 133 метри, додека на третата позиција се пласира Русинот Евгениј Климов кој имаше скок од 127 метри.

Во пресрет на последната скокалница, во Бишофсхофен, Танде во вкупниот пласман има 1,7 бодови повеќе од втропласираниот Камил Стох од Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал го потврди настапот во Барселона

Рафаел Надал ќе настапи на мастерс турнирот во Барселона кој почна денеска, потврди шпанск…