Македонскиот репрезентативец, Филип Талески вчерашниот пораз од Црна Гора го окарактеризира како срамен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, Талески вели дека поразот мора да се остави назад и погледите да се насочат кон мечот со Данска.




„Останувам на констатацијата по вчерашниот натпревар, а тоа е дека одигравме срамно против Црна Гора. Но, нема враќање назад. Мора да се консолидираме зашто не чека уште еден меч и можност да одиграме најдобро што можеме против ривал како Данска, кој игра моќен ракомет и кој атакува на злато на ЕП. Данците, секако, се огромен фаворит и против нас, но сакаме да се надигруваме, па ако одиграме како во Скопје да дојдеме ако можеме до позитивен резултат, во еден добар и борбен натпревар“, вели Талески.