Дома Македонски спорт Талески: Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот

Талески: Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот

Ракометарот на Вардар, Филип Талески имаше интервју за „Бекстејџ“ во кое зборуваше на разни теми.

Во договорот на Талески има опција тој да биде продолжен на уште една година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Веќе се официјализира дека јас останувам во Вардар наредната сезона, а во договорот има опција да се продолжи на уште една. За мене е најважно што сега останувам тука и сум фокусиран на Вардар“.

За лошата форма во првиот дел од сезоната.

„На почетокот оваа криза делуваше кај сите, исто така во Германија пред да дојдам тука четири месеци не тренирав. Сезонава немавме многу натпревари во првата полусезона и мислам дека тоа придонесе малку. Затоа и одлучив да останам, привилегија и чест е да се носи овој дрес, знам дека не го дадов мојот максимум, екипата го заслужува тоа од мене“.

Критиките кои ги добива.

„Тоа го гледам од мој аспект, никој не може да забрани на некого да коментира, но не е во ред да се испраќаат пораки директно на некого на социјалните мрежи, тоа е недопусливо. Коментарите како што кажав не ми пречат“.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ТАЛЕСКИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…