Дома Фудбал Останато Талентираниот голман кој ги одби Јувентус и Интер: Еве која е неговата цена!

Талентираниот голман кој ги одби Јувентус и Интер: Еве која е неговата цена!

Голманот на украинска Зорја, Андереј Лунин има само 19 години и многумина го сметаат за најперспективен голман на „Стариот континент“.

Лунин веќе го запиша и своето деби во сениорската репрезентација на Украина и самиот крем на клупскиот европски фудбал покажа интерес за неговите услуги.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Го следат тимовите како Интер, Јувентус, Ливерпул и Арсенал, а еден од неговите агенти конечно прогови за иднината на младиот чувар на мрежата.

„Прв интерес за Лунин покажа Салзбург, на крајот на 2017. година, кога нивните скаути дојдоа да го следат. Понудија 600 илјади, но понудата беше одбиена од страна на Зорја“, истакна Иракли Хведелиани.

Тој откри и дека Јувентус го сакал овој млад голман во своите редови, дури организирале и состанок со претставниците на голманот, но се на крајот пропадна.

„Имавме договорен состанок во Торино, но тој никогаш не се оддржа. Лунин едноставно не сааше да се состане со претставниците на Јувентус без дозвола на Зорја“, истакна агентот.

На крајот потврди дека Зорја е тврд преговарач, истакна дека и контактите со претставниците на Интер не постојат, а ја изнесе и својата проценка кога е во прашање сумата на пари која би го натерала украинскиот клуб да соработува.

„Не знам ништо за интересот на Интер. Спортскиот директор на Зорја, Сергеј Рафилов е многу искусен и не сака дури така да го продаде играчот за милион или два. Ќе мора за неговите услуги да понудат 5,6 милиони евра, ништо помалку“, додаде агентот на талентираниот Лунин.

Така што, кој ќе понуди шест милиони, ќе може да го земе Лунин во своите редови, во спротивно, младиот чувар на мрежата ќе продолжи да се развива во својата земја, односно во редовите на матичниот клуб Зорја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…