Дома Фудбал Германија Тажно: Важеше за голема надеж на Италија и Борусија, но ја заврши кариерата на 21 година (ВИДЕО)

Тажно: Важеше за голема надеж на Италија и Борусија, но ја заврши кариерата на 21 година (ВИДЕО)

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Дарио Скудери одлучи да ја прекине фудбалската кариера иако неодамна наполни 21 година.

Тој важеше за голема надеж на германскиот тим, но пред три години беше жртва на една од најтешките повреди видени на фудбалските терени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 15-тата минута од натпреварот во младинската Лига на шампионите неговата Борусија играше против Легија Варшава Скудери заработи тешка скршеница после која веднаш беше пренесен во болница. Соиграчите беа во неверување и многумина уште тогаш претпоставуваа дека неговата кариера е завршена.

https://www.youtube.com/watch?v=Qovv9MDxAb0

Професорот Михаел Стробел кој го оперираше после повредата таа повреда на младиот Италијанец ја опиша како најлоша можна и уште тогаш истакна дека не верува дека Скудери ќе може повторно да игра фудбал.

„Тоа е најтешката повреда која може да се замисли. Скоро се беше скршено: Лигаментите, сите мускули, тетивите…“.

После долгиот процес на опоравување, девет операции и скоро 700 дена надвор од теренот. Скудери во минатата година почуствува како е да се игра фудбал, но набрзо сфати дека тоа не може да потрае долго и одлучи да се прости од фудбалот.

„Не беше лесна одлука. Играњето фудбал беше мој сон и дадов се од себе да го остварам. Се борев, имав понуди да продолжам да играм, но…Борусија Дортмунд е мое семејство и се радувам што ќе работам нешто ново“, изјави Скудери.

Додека Скудери се опоравуваше од тешката повреда Борусија го плаќаше сите трошоци за студирањето на спортски менаџмент и наскоро тој би требало да добие нова улога во славниот бундеслигаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …