Дома Фудбал Тажна приказна со среќен крај: Санти Казорла заигра фудбал после две години…

Тажна приказна со среќен крај: Санти Казорла заигра фудбал после две години…

cazorla

Фудбалот пишува најразлични приказни, од оние најубавите, па се до најлошите и најстрашните…

Воопшто не е убаво кога ќе бидеме сведоци на трагедија на фудбалските терено, но за жал и тоа се случува, последната ја погоди Фиорентина кога почина нивниот капитен Давиде Астори


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега ова е навистина тажна приказна, но со среќен крај.

Имено, Санти Казорла кој во својата фудбалска кариера претрпе бројни повреди, а најтешка беше последната која го одвои од фудбалските терени цели две години…

Казорла не се предаваше и беше упорен во намерата повторно професионално да заигра фудбал. Шпанецот претрпе повреда на коленото и ахиловата тетива, но она што е специфично е што мораше да направи дури осум операции пред повтроно да се истрча на терените.

Откако договорот со Арсенал му истече, неговиот поранешен клуб Виљареал му даде шанса да заигра во предсезоната. Неговото враќање се случи вчера кога Виљареал играше пријателски натпревар против Херкулес.

Казорла не го криеше воодушевувањето, па на Инстаграм го истакна своето задоволство што повторно го прави она што најмногу го сака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …