Дома Фудбал Останато Тажна вест: 24-годишен фудбалер почина на тренинг

Тажна вест: 24-годишен фудбалер почина на тренинг

Колумбискиот фудбалер Гилермо Денис Белтран (24) почина на тренингот на боливискиот прволигаш Реал Санта Круз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е соопштено oд клубот кај фудбалерот се случил прекин на дишењето, а се срушил на тревата откако прво почувствувал дека му е тешко. Клупските доктори и итната помош се обиделе да направат реанимација, меѓутоа за жал не успеале да го спасат.

„Тренираше како и обично, а потоа колабираше. Се обидоа да го реанимираат, но тој почина додека беше префрлен во болница“, изјави претседателот на Реал Сантас Круз, Адолфо Сорија Галваро.

Во текот на својата кариера, крилниот напаѓач играше за Леонес од Колумбија и парагвајските клубови Пасторео, Такаари и Рубио Ну.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Играч на Барселона бесен го напушти тренингот по срцепарателните зборови на Флик

Роналд Араухо не е единствениот кој би можел да ја напушти Барселона во наредните денови б…