Дома Фудбал Тажна вест: Почина првиот освојувач на Афричката „златна топка“

Тажна вест: Почина првиот освојувач на Афричката „златна топка“

Легендата афричкиот фудбал, Салиф Кеита, првиот освојувач на Афричката златна топка во историјата, почина на 77-годишна возраст.

Афричката Златна топка ја освои во 1970 година и тоа беше првпат да се додели оваа награда.

Тажната вест ја објави Олимпик Марсеј, еден од клубовите каде што Кеита настапуваше. Покрај Марсеј играше за Сент Етјен со кој освои пет титули во низа, а беше дел и од Валенсија и Спортинг.

За репрезентацијата на Мали одигра 13 натпревари и постигна 11 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонските младинки со 20 фудбалерки ќе бркаат враќање во Лига А

Кирил Изов го избра составот за квалификацискиот турнир во Стара Пазова. Македонија ќе се …