Maкедонскиот прволигаш Воска Спорт преку социјалните мрежи објави дека починал Енвер Сујлемани, човек кој работеше како генерален директор на клубот од Охрид и имаше долгорочни планови со Воска.
Во својата кариера Сулејмани работеше во Шкендија, Ренова и Фудбалската Федерација на Македонија каде што беше заменик генерален секретар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Воска не откри повеќе детали, но наведе дека смртта на Сујлемани е изненадна за семејството и блиските.
„Утрово добивме тажна вест, го загубивме нашиот член Енвер Сулејмани кој од октомври беше генерален директор. Оваа вест не само што го шокираше неговото семејство, не шокираше и нас како клуб бидејќи со Енвер Сулејмани имавме долгорочни планови“, стои во објавата во која Воска изрази и сочувство до неговото семејство.