Дома Фудбал Лига на шампиони Тадиќ може да стане икона на Ајакс: Овој клуб две децении чекаше на ваков играч!

Тадиќ може да стане икона на Ајакс: Овој клуб две децении чекаше на ваков играч!

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ денес е главна тема во спортските медиуми откако вчера имаше вечер од соништата кога со својот Ајакс го елиминираше Реал Мадрид од најелитното европско натпреварување.

Вчера заврши низата на „кралевите“ во која осум години стигнуваа најмалку во полуфиналето од Лигата на шампионите, а триуфираа четири пати во последните пет години. Така оваа сезона се претвора во кошмарна за Реал откако неодамна беше елиминиран и од Копа Дел Реј, додека во првенството скоро и да немаат шанси за титулата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Мадрид допрва ќе следи вистинска бура, навивачите уште вчера бараа оставка на Перез и Солари,(тука) како и заминување на некои фудбалери, но тоа се проблеми на актуелниот европски шампион. Од друга страна во Ајакс се слави на големо, а херојот е Душан Тадиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=5Xnyn0FAIXk

Имено, Ајакс цели 22 години чекаше на играч кој ќе постигне шест гола во Лигата на шампионите. Тадиќ е само вториот играч во историјата на овој клуб на кого му успеало такво нешто. Првиот и последен беше легендарниот фински фудбалер, Јари Литманен во сезоните 1994/95 и 1995/96. Литманен беше единствен се до вчерашната магична вечер за српскиот фудбалер.

Тадиќ пред себе сега има најмалку уште 180 минути за да избие сам на оваа листа, а ако се знае какви мајстори подари Ајакс на европскиот фудбал ова е и тоа како големо признание за српскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА започна и со ранкинг во футсал: Македонија во топ 60 репрезентации

За прв пат во историјата Светската фудбалска куќа (ФИФА) објави ранкинг за национални футс…