Клаудио Раниери влезе во конфликт со управата на Нант и поради тоа е блиску до заминување од овој клуб после помалку од една година.
Италијанецот минатото лето ги превзема „канаринците“, одлично започна, но потоа неговиот клуб не забележуваше добри резултати па падна на средината на табела, освен тоа тој и ја изгуби контролата над соблекувалната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Денес во англиските медиуми се појави информација која говори дека Клаудио Раниери би можел да се врати во Лондон каде што во минатото беше тренер на Челзи и тоа на клупата на Тотенхем како замена за Маурисио Покетино.
Иако во овој момент нема никакви знаци дека такво сценарио е можно, сепак одредени медиуми веруваат во тоа.
Покетино би можел евентуално во ПСЖ, го поврзуваа и со Реал Мадрид, но јасно дека такво нешто е апсолутно невозможно, барем не ова лето.
Се наведува и дека се е на клубот и дека доколку Тотенхем одлучи да испрати понуда Раниери ќе ја прифати.
Во досегашната своја кариера Раниери во Премиер лигата беше тренер на Челзи и Лестер со кој стигна до историската титула во Премиер лигата.