Дома Фудбал Останато Сценарио за на филм: Ривер – Бока може одново да се одложи!

Сценарио за на филм: Ривер – Бока може одново да се одложи!

Неодамна беше договорено и потврдено дека реваншот помеѓу Ривер и Бока ќе се игра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, но изгледа ништо не е сигурно.

Имено, по објавувањето на оваа вест Бока се огласи и порача дека тие воопшто не сакаат да играат и го сакаат трофејот во Копа Либертадорес на зелена маса поради се што им се случуваше на „Монументал“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Многу брзо потоа се огласи и Ривер со соопштение во кое одбива да игра на „Бернабеу“. Тие своето барање го образложуваат со пораката дека играњето надвор од „Монументал“ би бил тежок удар за нивните навивачи.

Денес се појави и последниот проблем, а тоа дека капитенот на Ривер, Лео Понзио не смее да патува во Шпанија.

Тој е обвинет за местење натпревари додека го носеше дресот на Сарагоса. Во Шпанија се истражува натпреварот Сарагоса – Леванте, а во прв план е токму Понзио. Контроверзниот натпревар се одиграл во 2011 година и се сомнева дека Понзио бил еден од играчите кој земал голема сума на пари.

Поради тоа постои голема веројатност дека нема да допатува во Шпанија бидејќи би можел да биде уапсен.

Кога ќе се собере сето ова јасно дека постои голема можност одлуката која првобитно ја донесе КОНМЕБОЛ да биде променета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лаутаро го шокира Интер

Лаутаро Мартинез ја одби првата понуда на Интер за продолжување на договорот, а тоа го вкл…