Само еден ден пред големото миланско дерби помеѓу Милан и Интер, ѕвездата на „росонерите“, Сусо додатно ја загреа атмосферата.
Имено, шпанскиот офанзивен играч открива дека Спалети сакал да го доведе во Интер и дека „нероаѕурите“ испратиле конкретна понуда за него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Сусо веднаш ја одбил понудата и одлучи да го продолжи договорот со Милан.
„Минатото лето Интер испрати понуда до мене. Тогаш го сменив агентот и тие разговараа со него. Не знам како одговорил Милан на понудата, но јас имав јасна желба да останам и го продолжив договорот. Среќен сум во Милан, знам дека во фудбалот нема ништо вечно, но сакам што е можно подолго да останам во овој клуб“, откри Сусо.
Suso "In the summer I said no to Inter" pic.twitter.com/NKp0NfCb2G
— Team Milan AC (@TeamMilanAC) March 3, 2018