Дома Топ вести Супер-талентот за кого Перез плати 45 милиони евра може да се врати во Бразил во јануари?

Супер-талентот за кого Перез плати 45 милиони евра може да се врати во Бразил во јануари?

zunior

Бразилскиот талент од кого во Мадрид многу очекуваат, Винисиус Жуниор би можел да се врати во татковината!

Кога некој е платен 45 милиони евра и кога ќе биде споредуван со Роналдо Назарио да Лима и Роналдињо логично е да очекуваме дека ќе игра. Токму тоа му недостасува на 18 годишниот фудбалер на Реал кој шпанскиот гигант го купи уште во летото 2017 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се сметаше дека после заминувањето на Кристиано Роналдо и сосема солидните настапи на Винисиус на американската турнеа да добива минути на официјални натпревари во новата сезона.

Натпреварот во Суперкупот и премиерниот натпревар во Примера против Гетафе ги преседе на клупата. Тренерот Лопатеги не му дозволи да дебитира. Веднаш го испрати во Б тимот, а за младинците на Реал минатиот викенд постигна два гола во победата над градскиот ривал Атлетико. На тој начин го отвори прашањето дали е добар да игра за А тимот и дали играњето со младинците може да му здосади и да го „убие“.

Секако, Реал го гледа својот интерес, сака да го спреми Винисиус за преминување на повисоко ниво. Клубот е трпелив и гледа долгорочно.
„Внисиус ќе игра за првиот тим, имам голема доверба во неговите можности и квалитети“, изјави смирено Лопатеги.

Сепак, прашање е дали покрај разиграниот Бејл, па и Асенсио, Иско...Може да добие прилика. Затоа неговото семејство при договорот со „кралевите“ го заштити Винисиус со клазула според која доколку не му се допадне Мадрид може да се врати во Фламенго веќе на зима!

Во таков случај би играл како позајмен фудбалер во бразилскиот клуб од јануари до јуни. Во Бразил го обожаваат би бил свој на своето, дополнително би добил на самодоверба и би се потрпел на семејство, пред повторно да се врати во шпанскиот гигант.

Ако ова се случи ќе испадне дека Перез платил 45 милиони евра за фудбалер кој првиот официјален натпревар за клубот ќе го одигра две години откако е купен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …