Дома Фудбал Англија Супер дерби на „Гудисон“: ВАР во 92. минута го спаси Евертон! ?

Супер дерби на „Гудисон“: ВАР во 92. минута го спаси Евертон! ?

Во денот исполнет со дерби натпревари првото го одиграа Евертон и Ливерпул.

Тимот на Клоп во градското дерби до предност стигна уште во третата минута преку Садио Мане. Тој гол сепак не го исфрли од ритам залетаниот Евертон кој игра фантастичен фудбал на почетокот од сезоната. Преку Кин Евертон во 19. минута дојде до изедначување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Треба да се спомене и дека измеѓу дватата гола Пикфорд со еден опасен старт го повреди Вирџил Ван Дајк.

И во второто полувреме видовме одличен фудбал. Ливерпул дојде во второ водство преку Салах во 72. минута. Одличниот Калверт Луин само десет минути подоцна носи ново изедначување.

Во самиот финиш од натпреварот Ричарлисон поради еден невнимателен старт над Алкантара заработи директен црвен картон.

Играчката предност Ливерпул веднаш можеше да ја искористи и тоа преку Џордан Хендерсон кој во судиското продолжение ја затресе мрежата, меѓутоа после интервенцијата од ВАР голот беше поништен па остана 2:2.

Со ова реми Ливерпул остана непоразен против Евертон и во 22-то дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…