Добри вести за македонската репрезентација пренесува реномираниот „ЕСПН“.
Имено, Елиф Елмас и Тихомир Костадинов поради жолти картони во квалификациите во овој момент немаат право на настап во баражот, меѓутоа тоа може да се промени. Според најавите, се разгледува можноста по барање на репрезентациите кои се во баражот жолтите картони на фудбалерите од групната фаза да се поништат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој момент дури 107 играчи се под закана од суспензија. „ЕСПН“ повикувајќи се на свои извори, блиски до УЕФА и ФИФА објави дека Европската куќа на фудбалот разговарала со претставниците на ФИФА за поништување на картоните.
„Повеќе репрезентации кои обезбедија место во баражот го посочија овој проблем. Станува збор за натпреварување на ФИФА и тие одлучуваат за правилата и регулациите. УЕФА ги собра мислењата и истите ќе ги проследи до ФИФА“, пишува „ЕСПН“.
Покрај ова во текстот стои и дека според нив поништувањето е изгледно, тоа би значеле одлични вести за македонската репрезентација.
Фото: ФФМ