Дома Фудбал Суперкомпјутерот вели: Манчестер Сити ќе биде шампион во Премиер лигата!

Суперкомпјутерот вели: Манчестер Сити ќе биде шампион во Премиер лигата!

Арсенал викендов не го победи Брентфорд и Манчестер Сити се доближи на само три бода со натпревар повеќе од „топџиите“. Во среда ги очекува и меѓусебниот дуел кој може многу да одлучи.

„Топџиите“ ќе бидат домаќини, а Манчестер Сити со победа би го преземал лидерското место, но Арсенал ќе има шанса да се врати како лидер затоа што како што споменавме имаат натпревари помалку. Евентуална победа на Арсенал ќе донесе одлична предност за тимот на Артета.

Меѓутоа во ваквиот период од сезоната секогаш се појавуваат суперкомпјутери кои прогнозираат како ќе заврши првенството. Последната симулација направена на Островот покажала дека шампион ќе биде Манчестер Сити.

Според оваа пресметка, Сити ќе стигне до својот петти шампионски трофеј во последните шест сезони, а Арсенал ќе заврши како второпласиран. Покрај „топџиите“ место во Лигата на шампионите би обезбедиле Манчестер Јунајтед и Њукасл.

Суперкомпјутерот носи лоши вести за Евертон кој би се преселил во Чемпионшип заедно со Бормут и Саутемптон. За Ливерпул прогнозата е дека ќе заврши како шести, а Челзи кој потроши над 300 милиони евра во зимскиот преоден рок е осмопласиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Риера бара пресврт во Звезда: Убавата игра не ги решава проблемите

Црвена звезда покажува напредок во играта, но резултатите сè уште не го следат. Дуелот со …