Половина час по полниќ вечерва ќе се игра популарниот Супербол во него ќе играат Канзас Чифс и Сан Франциско 49ерс, ова е вистински спектакл за Американците.
Суперболот за Американците е нешто посебно, па за време на овој спектакл се „вртат“ и многу пари. Американското здружение на трговци пресметало дека секој Американец за време на Суперболот ќе потроши 63 и 87 центи за храна, пијалоци, технологија и спортска оперема. 48 милиони Американци ќе нарачаат храна од ресторан, а 12 милиони ќе гледаат во кафулиња.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради лудиот интерес на Американците за овој натпревар реклама за време на натпреварот чини вистинско богатство. За реклама од 30-тина секунди треба да се плати огромни 5.5 милиони долари. За споредба кога се играл првиот Супербол во 1967 година рекламата чинеле 42.000 долари.
Екипата на Канзас во својата историја има еден Супербол и тоа уште во 1969 година, додека Сан Франциско 49ерс славел пет пати.