Дома Фудбал Судот потврди: Руските клубови суспендирани од европските натпреварувања

Судот потврди: Руските клубови суспендирани од европските натпреварувања

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја потврди забраната за руските клубови да учествуваат во натпреварувањата на УЕФА.

УЕФА одлучи да ги суспендира клубовите од Русија да се натпреваруваат под нејзино покровителство поради воената инвазија над Украина.

Одлуката на УЕФА ја потврди и ЦАС, па Русите дефинитивно ќе останат без европските натпреварувања во остатокот од сезоната.

Под иста суспензија е и руската фудбалска репрезентација на која ФИФА и забрани учество во баражот за Светското првенство во Катар.

Руската Федерација ја оспори и оваа одлука пред судовите и побара нејзино укинување, а ЦАС наскоро ќе одлучи за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…