Дома Фудбал Италија Судијата Сера плачел во соблекувалната по мечот Милан – Специја

Судијата Сера плачел во соблекувалната по мечот Милан – Специја

Италијанските медиуми пренесуваат дека судијата Марко Сера тешко се помирил со грешката која ја напави во натпреварот помеѓу Милан и Специја и поништениот гол на Жуниор Месијас.

Милан беше оштетен во натпреварот со Специја. Жуниор Месијас погоди за 2:1 во 92. минута, но голот не важеше затоа што Сера го поништи поради претходен фаул над Ребиќ. За таа негова грешка да има уште поголема тежина Специја со гол во 96. минута ги освои трите бода.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Росонерите“ добија извинување од судиската организација, додека сега дел од медиумите пишуваат дека Сера бил во шок и плачел во соблекувалната поради направената грешка. Тогаш голем потег направил Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ дошол до Сера да го утеши и му порачал дека грешки се случуваат. На Швеѓанецот потоа му се придружиле и уште неколку играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете како скапо платениот ас на Бајерн постигна гол како во видео игра, во неверување беа и неговите соиграчи

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …