Дома Фудбал Судијата од мечот Јувентус – Ајакс во мафијашка мрежа?

Судијата од мечот Јувентус – Ајакс во мафијашка мрежа?

Францускиот судија Клемент Турпин, кој го судеше натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ајакс се најде во големи проблеми.

Весниот „Екип“ пренесува дека Турпин доживеал кражба на идентитетот и тоа од страна на криминалци кои пренеле големо количество дрога со автомобил Рено Лагуна , регистриран на Клемент Турпин.

Извесен дилер Мунир А. бил уапсен на 10 декември во Париз со уште три лица и обвинет за поседување големи површини на канабис. Кај нив било најдено и големо количество оружје, меѓу кои и ракетен фрлач и калашникови.Најдени биле и 650 000 евра во кеш, како и скапи часовници и облека.

Истрагата за мафијашите дошла и до судијата, а Турпин за француските медиуми изјави дека нема никаква врска со нив.

„Јас не живеам во Ноис–ле-Сек, немам станови или палати, немам никаква врска со овој случај“, изјави фудбалскиот судија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…