На натпреварот за викендот во Кратово кој Силекс го доби со 3:1 бурни реакции во јавноста предизвика поништениот гол во првото полувреме на гостинскиот тим.
Во денешната анализа на Судиската комисија очигледниот офсајд е потврден, а се објаснува и дека судијата не бил во најдобра позиција и затоа досудил недозволена позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На натпреварот Фк. Силекс–Фк. Скопје одигран на 11.03.2023 година, анализирани се ситуациите од 23, 46 и 64 минута.
“Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски.
23 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција )
Играч од екипата на гостите додаде топка до свој соиграч надвор од 16-сетникот на домакините,во моментот на додавање соиграчот се наоѓаше позади предпоследниот играч од одбраната на домакините, ја прими топката и постигна гол.
Погрешна одлука на првиот помошен судија, голот требаше да биде признаен, бидејки играчот на гостите во момент на додавање на топката се наоѓаше во дозволена позиција (позади препоследен играч на домакините).
Во оваа ситуација, првиот помошен судија не беше добро поставен,односно не беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините, затоа одлуката беше погрешна“, стои во објаснувањето.
Останатите две спорни ситуации судиите исправно ги процениле.
46 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Неосуден удар од 11 метри)
Играч не екипата на домакините во 16-сетникот на гостите ја имаше топката во свој посед, сакајки да го помине противничкиот играч топаката го удри во рака противничкиот играч, меѓутоа раката му беше во природна положба (спуштена доле) и многу мала дистанца помеѓу двата играча.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки топката го удри играчот од гостите во раката која беше во природна положба и дистанцата помеѓу противничките играчи беше мала.
64 минута: ИСПРАВНАПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција )
Играч од екипата на гостите центрираше топка во 16-сетникот на домакините, топката дојде до свој соиграч кој постигна гол, меѓутоа во момент на центаршутот соиграчот се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на домакините.
Исправна одлука на првиот помошен судија, досудено офсајд позиција, бидејки играчот на гостите што постигна гол, во моментот на додавање од својот соиграч се наоѓаше пред предполседниот играч од одбраната на домакините.