Дома Фудбал Судијата кој делеше правда на последното „Ел Класико“ ќе и суди на Македонија против Ерменија

Судијата кој делеше правда на последното „Ел Класико“ ќе и суди на Македонија против Ерменија

Oдреден е судијата кој во четврток ќе и суди на Македонија во Ереван во претпоследниот натпревар во квалификациите.

Шпанецот Хозе Марија Санчез Мартинез е избран за главен судија на оваа средба која се игра во четврток во терминот од 18:00 часот.

Во овој момент Санчез важи за еден од најдобрите судии во Шпанија и Европа. Доказ колку во Шпанија му веруваат е тоа што доби прилика да суди на последното „Ел Класико“ на 24. октомври.

За ВАР собата ќе бидат задолжени судии од Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од пораз до победа во судиското продолжение: Тореенсе со 3-2 ја шокира Арарат-Ерменија!

Тореенсе губеше до 90'+3', а потоа со головите на Хавиер Васкез и резервистот Муса Драмех …