Дома Фудбал Лига на шампиони Судијата кој го ограби Челси: Морав да се пресоблекувам во хотелот (Видео)

Судијата кој го ограби Челси: Морав да се пресоблекувам во хотелот (Видео)

overbo

На неколку дена пред првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите помеѓу Челси и Барселона на „Стенфорд Бриџ“ јавноста се потсети на епското полуфинале помеѓу англискиот и шпанскиот клуб одиграно во 2009 година.

Првиот натпревар во Барселона беше завршен со 0:0, додека реваншот остана запаметен како еден од најконтроверзните натпревари во поновата фудбалска историја.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Микел Есиен, посебно Андрес Иниеста во последната минута постигнаа прекрасни погодоци овој натпревар ќе остане запаметен по Том Хенинг Овербо (51) судијата кој го прерасна во главна ѕвезда на овој натпревар.

По анализите се дојде до заклучок дека Овербо го оштетил Челси за четири пенали. Сега пред овој новиот дуел овие два клуба во јавноста зборуваше токму Овербо.

„Не сум горд на своето судење и проценките. Навистина тоа не беше мој ден. Носев погрешни одлуки. Направив неколку грешки и сите имаа свое мислење за нив. Сепак, горд сум на својата кариера која долго траеше. Судев во Европа и станав еден од најдобрите норвешки судии затоа луѓето не би требало да ме паметат по тој натпревар. Сепак, изгледа дека многумина целата моја кариера ја вреднуваат по тој натпревар. Јасно ми е дека не можам да го променам мислењето на луѓето“.

„Теренот го напуштив достоинствено, но се сеќавам дека морав да се пресоблекувам во хотелот бидејќи на стадионот имаше премногу лути навивачи на домаќините. Во наредните денови навистина морав многу да внимавам, добивав и смртни закани. Се до 2012 година тоа беше жешка тема, потоа страстите беа намалени. Знам дека навивачите на Челси повторно ќе се сетат на мене, но јас се покајав за своите грешки“, изјави Овербо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…