Дома Фудбал Лига на шампиони Судијата кој вчера направи хаос на ПСЖ – Башакешехир правел скандали низ цела кариера

Судијата кој вчера направи хаос на ПСЖ – Башакешехир правел скандали низ цела кариера

Романскиот судија Себастијан Колтеску на расна основа го навреди Пјер Вебо и поради тоа натпреварот на овој тим против ПСЖ беше прекинат.

Колетску имаше улога на четврти судија и расистички го навредиl Вебо со зборовите: „овој црниот таму“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И во минататото Колтеску имал бурни одлуки како судија. Не е ценет ниту во Романија каде што често пати знаел да направи хаос, а неодамна остана без ФИФА значката и ова требаше да му биде последен европски меч во кариерата.

Пред нешто повеќе од две недели направи хаос со одлуките на дуелот Газ Метан – Стеуа, а поранешниот судија Адријан Порумбои после тој меч изјави:

„Целата кариера му е исполнета со црни дамки. Можеби некогаш бил талентиран, но требало да се одлучи за друга професија. Како судија морате да биде непристрасен. Човечки е да се греши и тоа може да се прости, но не постои натпревар каде што тој немал влијание на резултатот“, изјави Порумбои.

И во 2015 година сопственикот на Стеуа бараше Колетску да се исклучи од судиската организација.

„Треба да биде исфрлен. Јас сум подобар судија од него“.

Колетску во 2007 година беше и казнуван. Тогаш судеше нисколигашки натпревари, а после овој скандал неговата кариера дефинитивно е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…