Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа: Судиите без грешки во 5. коло од ПМФЛ

Судиска анализа: Судиите без грешки во 5. коло од ПМФЛ

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 5 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот  ФK Струга Трим Лум – ФK Силекс  одигран на 31.08.2022 година, анализирани се ситуациите 30 и 73 минута.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

30 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на  Силекс играч од нападот на Струга  беше во посед на топката, на него ( на нога, сопнување) стратуваше играч од одбраната на Силекс и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри, без дисциплинска мерка.

73 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен  втор жолт – ЦРВЕН картон)

 Играч од екипата на Силекс  беше во посед на топката пред шеснаесетникот на Струга, во моментот кога си ја додаде топката странично , предпоследниот играч од одбраната на Струга направи старт на ногата на напаѓачот ( без да има шанса да игра со топка) спречуваки го во акцијата која беше ветувачка..

Исправна одлука на главниот судија, жолт картон за играчот и бидејќи тоа му беше втор, автоматски му беше доделен  ЦРВЕН картон на играчот за стартот и спречување на ветувачка акција .

На натпреварот  ФК Академија Пандев  – ФК Скопје одигран на 31.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 59 минута.

Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Христијан Џонов и Тоше Ицев;

59 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ Досуден удар од 11 метри)

Играч од одбраната на Академија пред самата линија од својот шеснаесетник со глава ја изби топката,  која потоа го удри во раката која му беше во природна положба .

Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи. Во ваква ситуација, кога играч удира топка и при тоа топката го удира во рака која е природна положба, дали е контактот  во 16- сетник или надвор , играта продолжува.

На натпреварот  ФК Тиквеш  – ФК Шкендија  одигран на 31.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 82 минута.

Главен судија: Јован Качевски . Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;

82 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ Досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на Шкендија, во моментот кога се центрира , топката го удира играч од одбраната на Шкендија во рака која му се наога во природна положба и излегува во корнер.

Исправна одлука на главниот судија што не досуди удар од 11 метри, бидејки топката го удри играчот во раката која му се наогаше во природна положба.

На останатите мечеви од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…