Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиската анализа потврди: Шкупи од непостоечки пенал ја победил Струга

Судиската анализа потврди: Шкупи од непостоечки пенал ја победил Струга

Судиска комисија на ФФМ ги разгледа спорните моменти од 11 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК.Победа – ФК.Академија Пандев одигран на 15.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 14 минута.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главен судија: Крумислав Ѓоргиев. Помошни судии: Кристијан Џонов и Драган Трпчевски

14 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Не досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на домакините, на топката тргнаа двајца противнички играчи, играчот од нападот на гостите оди да ја удри топката, но пред него прв доага играч од екипата на Победа кој ја избива топката и играчот од нападот паѓа.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да  продолжи, бидејки немаше елементи за удар од 11 метри. Главниот судија одлично позициониран и имаше убава прегледност

На натпреварот ФК.Работнички -ФК.Шкендија одигран на 15.10.2022 година, анализирани се ситуациите од 59, 68 и 75 минута.

“Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии: Даниел Василевски и Мартин Петковски.

59 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топка во шессетникот на домакините, си ја додаде топката нанапред и во моментот кога играчот од одбраната на Работнички испружи нога, играчот од гостите падна без да има контакт,сакајки да изнуди удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија, досуден идиректен слободен удар против играчот од нападот на гостите и доделен жолт картон за симулација.

68 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри и доделен втор жолт –ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домакините, си ја додаде топката во фор, на топката тргна и голманот на домакините сакајки да стигне до неа, но играчот од нападот прв стигна до неа, ја удри топката и падна сакајки да изнуди удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар против играчот од нападот на гостите и доделен жолт картон за симулација.Бидејки тоа беше втор жолт за истиот играч, автоматски му беше доделен ЦРВЕН Картон.

75 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на домакините додаде топка до свој соиграч кој има отворен простор и е централно од голот на гостите на 25 метра од голот. Пред да ја прими топката и да излезе сам пред голот, играчот на домакините беше неспортски фаулиран од предпоследниот играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар и доделен ЦРВЕН картон за играчот од одбраната на гостите, бидејки спречи очигледна шанса за гол.Иако до играчот кој беше фаулиран странично на 2 метра од него, имаше одалечен друг играч од одбраната на гостите, дисциплинската мерка е исправна бидејки играчот ако ја примеше топката ке беше во очигледна шанса за гол.

На натпреварот  ФК.Брегалница -ФК.Силекс одигран на 15.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 24 минута.

“Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски.

24 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досуден гол)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостите, играч од екипата на домакините ја удри топката со глава, истата се одби од стативата и со целиот свој обем ја помина гол линијата, по што голманот закаснето ја одбива топката во поле.

Исправна одлука на првиот помошен судија што досуди гол, бидејки топката со целиот свој обем ја помина гол линијата.Исто така да се напомене дека и главниот судија беше одлично поставен во оваа ситуација и имаа добра соработка.

На натпреварот ФК. Шкупи – ФК.Струга Трим Лум одигран на 16.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 53 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

53 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од одбраната на гостите во својот шеснаесетник со глава  ја врати топката до својот голман, на неа тргнаа голманот и играч од одбраната на домакините, голманот прв стигна до топката и  ја изби  со раце и во тој момент дојде до судир (со телата) на голманот и напаѓачот.

Премногу тешка ситуација за проценка за главниот судија, сепак одлуката на судијата е погрешна, во оваа ситуација требаше да се досуди директен слободен удар за голманот на гостите, бидејки прв стигна и ја изби топката, па потоа дојде до судир со играчот на домакините. Напомена уште еднаш дека ова е премногу тешка ситуација за проценка за судијата.

На натпреварот Фк.Македонија Ѓ.П- Фк.Скопје, немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…