Дома Македонски спорт Мак ракомет „Суден туш“ за Маталург: Кузмановски побарал раскинување на договорот!

„Суден туш“ за Маталург: Кузмановски побарал раскинување на договорот!

Најдобриот играч на скопски Металург, Филип Кузмановски побарал да биде ослободен од обврските од страна на клубот.

Металург му должи неколку плати на играчот, па така Кузмановски се решил на најнепосакуваниот чин, да бара раскин на договорот преку РФМ.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кузмановски во Металург пристигна од редовите на битолски Пелистер пред неколку сезони и веднаш се издвои како најдобар играч на тимот.

За Кузмановски кој од следната сезона ќе игра во Магдебург наводно има интерес од Вардар, но и од ППД Загреб.

Заминувањето на Кузмановски би било и тоа како голем удар за клубот од Автокоманда. Ќе потсетиме пред неколку месеци Кузмановски според реномираниот сајт „Хандбал Планет“ беше сместен помеѓу најдобрите малди ракометари во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…