После Мароко ја имаме и втората селекција која може да си ги пакува куферите и за која последниот натпревар ќе биде само формалност. Саудиска Арабија после минималниот пораз од Уругвај остана без шанси за пласман во следната фаза.
Уругвај како и во првото коло стигна до минимална победа овој пат човек на одлука беше Луис Суарез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако во минатото коло дефанзивецот Хименез после прекршок во финишот постигна гол и обезбеди победа, денес доволен беше еден корнер во 23 минута. Голманот на Саудијците излета во празно, топката стигна до Суарез кој ја смести во мрежата.
Во продолжение од натпреварот Уругвај одигра сигурно на резултат и не дозволи на противникот да се доближи до голот на Муслера.
Во директна борба за првото место во оваа група ќе одлучуваат Уругвај и Русија, овој натпревар е на програмата во недела.
Со денешниот гол (можете да го погледнете тука) Суарез стана првиот Уругваец кој постигнувал голови на три различни светски првенства.
GOAL!!! LUIS SUAREZ SCORES ON HIS 100TH APPEARANCE! WHAT WAS THE GOALKEEPER DOING?!#WorldCup #URU #KSA #URUKSA pic.twitter.com/4I2eE9A1Hc
— FIFA World Cup (@WorIdCupUpdates) June 20, 2018